Унгарија изрази интерес за испораките на руски гас по „Турски тек“

Будимпешта е заинтересирана за испорака на руски гас по гасоводот „Турски тек“ и „со задоволство“ ќе земе учество во тој проект доколку ѝ се укажа таква можност, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со претседателот на Русија Владимир Путин.

Премиерот на Унгарија Орбан изјави и дека снабдувањето со гас од северен правец е исто така во интерес на Унгарија, пренесува „Взгљад“.

Според него, Унгарија се наоѓа во „блокирана ситуација“ од јужната страна, наоѓајќи се во не многу дружељубиво опкружување. „Ни Хрватска, ни Романија, ни, ако сакате, Европската унија од своја страна не ги изградија тие капацитети за да можеме да правиме реверзибилни испораки, како и да добиваме оттаму“, изјави Орбан.

Тој исто така изјави дека Москва и Будимпешта се договориле за почеток на преговори за испорака на руски гас по 2021 година.

Путин од своја страна изјави дека Русија и Унгарија ќе ја прошируваат соработката во енергетиката. Тој изјави дека гледа добри перспективи за заедничка работа во таа област. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња