Лидерот на францускиот „Национален фронт“ Марин Ле Пен ја смета за многу погрешна одлуката на Западот за воведување санкции против Русија, изјави таа во интервју за Си-Ен-Ен.
„Овие санкции против Русија се нешто апсолутно глупаво. Тие не решија ниту еден од проблемите, тие не дозволија да се подобри ситуацијата. Сѐ, до што доведоа тие, тоа е создавање на сериозни економски проблеми за самата Европска унија“, изјави Ле Пен.
Притоа таа го повика Западот „да ги напушти погледите од ерата на студената војна“. Ле Пен исто така потенцираше дека „воопшто не смета дека Русија го окупираше Крим“, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче