Ле Пен: Крим никогаш не бил украински

Кандидатот за претседател на Франција од партијата „Национален фронт“ Марин Ле Пен изјави дека се залага за укинување на санкциите против Москва и дека го признава Крим за дел од Русија.

Ле Пен изјави дека доколку победи на изборите има намера да ја направи Франција независна од САД и НАТО, како и да се зафати со воспоставување „нормални односи меѓу Франција и Русија, вклучувајќи и укинување на „неправедните и неефикасни санкции“.

„Тие се бесмислени, освен ако не им беше целта да ги уништат француските фармери. Освен тоа, санкциите се мошне глупав метод во дипломатијата“, изјави Ле Пен, пренесува „Известија“.

Таа исто така изјави дека го признава Крим за дел од Русија по одржаниот референдум на полуостровот, кој ја покажа согласноста на народот да се обедини со земјата.

„Припадноста на Крим на Украина беше само административно прашање од советско време, полуостровот никогаш не бил украински“, изјави Ле Пен, изразувајќи жалење што резултатите од референдумот не беа признаени од меѓународната заедница и ООН.

Покрај тоа, таа изјави дека ЕУ не придонесува за мирното решение на украинското прашање, односно врши негативно влијание, заострувајќи ја затегнатоста и поддржувајќи го конфликтот. Ле Пен потенцираше дека сите страни во конфликтот треба да го бараат излезот на преговарачка маса.

Ле Пен ќе учествува на изборите за претседател на Франција кои ќе се одржат на 23 април и 7 мај. Минатата недела таа првпат го надмина во популарност другиот кандидат за шеф на француската држава Франсоа Фијон, пишува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња