Норвешка ја обвинува Русија за обид да влијае врз Нобеловиот комитет

Норвешката телевизија НРК соопшти дека руски дипломати во 2015 година се обиделе да влијаат врз директорот на Нобеловиот институт.

Се работи за обид да се спречи доделување на Нобеловата награда за мир за 2015 година на претседателот на Украина Петро Порошенко, соопштува норвешката државна телевизија НРК.

Според информациите на телевизијата, за таа цел било организирано објавување на писмо во кое се зборува за поддршката на амбасадата на САД во Осло за идејата да му се додели наградата на украинскиот лидер. Подоцна кај новиот директор на Нобеловиот институт Олаф Нелстад дошле да разговараат двајца руски дипломати. Подоцна се покажало дека еден од нив, наводно, е вработен во Службата за надворешно разузнавање на РФ. Руската дипломатска мисија ги нарече обвинувањата „параноја“. Дипломатите објаснуваат дека прибирањето и анализата на информации за внатрешната и надворешната политика, размената на мислења со партнерите е важен дел од секојдневната работа.

Нобеловата награда за мир за 2015 година му беше доделена на Квартетот за национален дијалог во Тунис за решавачкиот придонес во изградбата на плуралистичката демократија по завршувањето на „Јасминовата револуција“ во 2011 година, пишува „Ехото на Москва“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња