Песков: Русија засега не ги повлекува „Искандерите“ од Калининград

Русија нема намера засега да ги повлече ракетните системи „Искандер М“ од Калининградската област, затоа што во моментов не постојат соодветни услови за тоа, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Москва нема да ги повлече ракетните системи „Искандер“ од Калининград, затоа што во Европа сѐ уште постои ракетен систем насочен против Русија, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во интервју за британската телевизија Би-Би-Си.

„Тоа е многу сложено прашање. Вие не можете едноставно да ги повлечете тие ракети од Калиниград без да знаете дека плановите за создавање цел антируски ракетен систем на европскиот континент се укинати“, изјави тој.

Министерството за одбрана на РФ минатата година ги потврди информациите за распоредување мобилни ракетни системи „Искандер М“ во Калининградската област. Притоа портпаролот на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков истакна дека преместувањето се врши во рамките на редовните проверки на можностите на ракетните сили. По соопштенијата за распоредување на „Искандерите“ во Калининградската област, претставници на повеќе балтички земји истапија со тврдења дека таквите дејствија на Русија наводно ќе ја заострат ситуацијата и ги проценија како несоодветен одговор на дејствијата на НАТО.

„Искандер“ е наменет за уништување цели како што се ракетни системи, артилерија со голем калибар, авиони и хеликоптери на аеродроми, командни места и комуникациски јазли. Дострелот на „Искандер М“ изнесува максимум 500 км, пишува ТАСС.
 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња