Песков: Путин е подготвен за средба со Трамп

За организација на средбата меѓу претседателите на Русија и САД ќе требаат месеци, а не недели, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Рускиот лидер Владимир Путин е подготвен за средба со претседателот на САД Доналд Трамп, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во интервју за британски Би-Би-Си.

Организацијата на средбата меѓу претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп ќе одземе месеци, а не недели, додаде Песков.

„Тоа нема да бидат претстојните недели, ајде да се надеваме на подобро дека таа средба ќе се одржи наредниве месеци“, истакна тој.

„Не мислам дека тоа ќе бидат недели, тој е претседател на САД и, пред сѐ, тој е зафатен со американските работи. Тоа е исто како нашиот претседател, ако ме прашате што ќе прави тој утре, по инаугурацијата, тој ќе биде зафатен со руските работи, затоа што тие се приоритет за претседателот Путин“.

Притоа Песков истакна дека од руска страна постои подготвеност за таква средба. „Не се сомневам дека Путин ќе биде подготвен за тоа“, изјави тој.

Портпаролот истакна дека во моментов не се знае ништо за местото или времето на евентуалната средба. „Во моментов, за жал, немаме никакви индикации за местото или времето“, објасни тој.

Притоа тој не исклучи дека тоа прашање може да биде поставено во текот на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, а кој треба да се одржи по инаугурацијата на Трамп. „Се надеваме дека претседателот Путин ќе му се јави на претседателот Трамп по инаугурацијата, веднаш штом тој ќе биде достапен, и ќе му честита, тоа е протоколарен момент, таа честитка треба да биде направена. Се надеваме дека тоа ќе биде направено во текот на телефонскиот разговор. А потоа ќе очекуваме тие да разменат погледи за можноста за средба“, потенцираше Песков, пренесува ТАСС.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.