Песков: Погрешно е да се тврди дека Трамп е „наш“ човек

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека се погрешни тврдењата дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп е човек на Русија.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков смета дека е голема грешка да се смета дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп е „наш“ човек.

Ова тој го изјави во интервју за емисијата „Вести во сабота со Сергеј Бриљов“, од кое дел беше прикажан денеска.

„Тоа не е наш човек, тоа е американски човек. Тоа е претседателот на Соединетите Американски Држави. Веројатно, најголемата грешка на западните аналитичари, на некои наши политиколози е да сметаат дека тоа е наш човек“, изјави Песков, пренесува ТАСС.

Претходно Песков, одговарајќи на прашање за понатамошниот развој на руско-американските односи, изрази надеж дека Владимир Путин и новоизбраниот претседатал на САД ќе воспостават добри односи.

„Господинот Трамп зборуваше за подготвеноста да води дијалог... тоа е веќе она за кое вреди да се надеваме и она, што ќе ни помогне да бараме излез од многуте сложени ситуации“, изјави портпаролот, пренесува „Комерсант“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња