Медим: Путин го парализираше Обама, ќе го парализира и Трамп

Барак Обама толку се плашеше од последиците на своите дејствија во однос на Русија, што преферираше да не дејствува. Сепак и тоа „отсуство на дејствување“ имаше огромни последици, смета „Фокс Њуз“. Аналитичар на телевизијата смета дека Путин нема да ја менува својата стратегија со доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД.

Генералот во пензија на американската армија Џек Кин, воен аналитичар на „Фокс Њуз“, смета дека антируските санкции не го донеле очекуваниот ефект.

Тројца американски претседатели пред новоизбраниот претседател Трамп се обидуваа да ги изградат односите со Путин, но безуспешно, изјави аналитичарот.

„Мислам дека Путин дефинитивно го плашеше претседателот Обама и во одреден степен правеше со него што сакаше. Во одредена мера Путин го парализираше, затоа што претседателот на САД се плашеше од негативните последици на своите дејствија, и затоа избра да не дејствува. Сепак тоа отсуство на дејствување, статусот-кво, само по себе имаше огромни последици“, изјави Кин.

Аналитичарот смета дека новозбраниот претседател Трамп треба да ги проучи санкциите и да види дали имаат смисла.

„Мислам дека односите на Трамп со претседателот Путин ќе бидат подобри, благодарение на особините на нивните карактери. Но, сметам дека Путин нема намера да ја менува својата стратегија и некој момент ќе мора да ја повикаме Русија на одговорност за нејзините дејствија, доколку таа не го смени своето однесување. Ако тоа се случи како последица на подобрувањето на односите, толку подобро. Но јас се сомневам во тоа“, додаде генералот, заклучувајќи дека „Путин почитува сила, како и подготвеноста да ја искористи, но ние не го демонстриравме ни едното, ни другото“, пренесува РТ на руски.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња