„Таквите изјави, дадени за протекување или нерегуларност и нечесност (на разузнавањето), според моите сфаќања, ја преминуваат границата (на дозволеното)“, изјави Бренан, пренесува „Взгљад“.
Според Бренан, Трамп покажал непочитување со споредувањето на работата на ЦИА со методите на нацистичка Германија. Притоа непочитувањето е, смета Бренан, токму спрема разузнавачите кои загинаа за време на Втората светска војна.
Претходно Бренан веќе изјави дека е навреден од споредбата од Трамп на ЦИА со нацистите.
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави по повод информациите дека Москва има компромитирачки материјали за него дека специјалните служби „дозволиле ширење на информации кои се покажаа измислени“. Според него, „така постапуваа и би постапиле во нацистичка Германија“, и побара извинување од специјалните служби.
Трамп исто така го постави прашањето дали Бренан е човекот од кого „протекоа“ невистинитите информации.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче