Путин: нарачателите на фалсификатите за Трамп се полоши од проститутки

Претседателот на Русија за Владимир Путин ги спореди нарачателите на „компромитирачките материјали“ за новоизбраниот американски лидер Доналд Трамп со проститутки.

Според зборовите на шефот на руската држава, проституцијата претставува сериозна и безобразна појава, затоа што жените се занимаваат со тоа поради фактот што не можат да заработат на друг начин.

„А пак луѓето, кои нарачуваат фалсификати од таков вид, кои ги шират сега против новоизбраниот претседател на САД, ги фабрикуваат и ги користат во политичката борба – тие се полоши од проститутки. Тие немаат никакви морални граници“, истакна рускиот претседател по средбата со претседателот на Молдавија Игор Додон, пренесува РТ на руски.

Путин потенцираше дека Русија постојано си има работа со такви луѓе, меѓутоа фактот што таквите методи се користат против новоизбраниот претседател на САД се уникатен случај.

„Досега немало такво нешто. Тоа зборува за значителниот степен на деградација на политичките елити на Запад, вклучувајќи ги и САД. Но, јас силно се надевам дека здравиот разум ќе надвладее“, додаде Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња