Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изрази загриженост поради можните активности на администрацијата на Обама во останатите девет дена од неговото претседателствување, пренесува РИА „Новости“.
Новата американска администрација ќе го започне својот мандат по инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која ќе се одржи 20 јануари.
„Секој ден читам вести од Вашингтон: нови санкции против Русија, испорака на преносни ракетни системи за сириските колачи, целосно бесмислени, но штетни активности во сите области на надворешната политика. Бог го создаде светот за седум дена. Администрацијата на Обама има два дена повеќе да го уништи“, напиша Захарова на својата страница на „Фејсбук“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче