Заедничките деловни активности на Јапонија и Русија на Јужните Курили ќе бидат од полза за мировниот договор меѓу двете земји, изјави за ТВ каналот NHK јапонскиот премиер Шинзо Абе.
„Несомнено, тоа ќе биде голем плус за склучувањето мировен договор“, изјави премиерот на Јапонија.
Според шефот на јапонската влада, Јапонците и Русите ќе можат „заедно да ги спроведат економските активности, да живеат заедно, да се разбираат едни со други“. Тоа ќе донесе полза на прашањето за решавање на територијалниот спор, додаде Абе, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче