Генералот Баронс во интервју за „Би-Би-Си“ истакнува дека целта поставена од британското Министерство за одбрана - за две години да се доведат вооружените сили во состојба на готовност за војна со земја како Русија - бара „обемно интензивирање на организациско-планските работи и зголемување на одбранбените капацитети“.
Според него, во наведениот случај е доволно да се погледне состојбата на НАТО кое се наоѓа во состојба на целосна демобилизација.
„Алијансата... не е во состојба на висока борбена готовност. Во секој случај, многу од одбранбените капацитети на НАТО не се приспособени за борба против она што во моментов може да го покаже Русија“, изјави генералот.
Баронс истакна дека кога не постои „чувство на закана од страна на Русија“, властите ги трошат буџетските пари на други работи. Според него, тоа не е најдобар план за иднината. „Можеме ли да гарантира дека иднината ќе биде исто толку поволна како и неодамнешното минато? Ако не можеме, тогаш треба да се направи нешто друго, некаков друг избор?“, резимира генералот.
Претходно Баронс напиша до министерот за одбрана на Велика Британија писмо во кое изјавува дека британската армија нема опрема да се бори, на пример, со Русија. Според него, Велика Британија има бродови и авиони, но за нив често нема муниција, затоа што „Лондон свикна на зависноста од американските сили“, пишува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче