Путин му ги честиташе Нова година и Божик на Трамп

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин испрати честитка по повод Божиќ и Нова година до новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Русија Владимир Путин испрати писмо до новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, во која изразува надеж дека по преземањето на функцијата тој ќе преземе чекори за обнова на односите, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Владимир Путин му ги честиташе божиќните и новогодишните празници на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Во својата честитка рускиот претседател изрази надеж дека по стапувањето на Доналд Трамп на функцијата американски претседател, двете земји на конструктивен и прагматичен начин ќе успеат да преземат вистински чекори за повторно воспоставување на механизмите на билатералната соработка во различни области и ќе ги подигнат на квалитативно ново ниво на соработка на меѓународната сцена“, се вели во соопштението.

„Сериозните глобални и регионални предизвици со кои се соочуваат нашите земји последниве години јасно потврдуваат дека руско-американските односи остануваат важен фактор во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста во современиот свет“, се вели во писмото до Трамп што го пренесува „Интерфакс“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња