„Прекрасно сфаќам дека Борис Џонсон не е професионален дипломат, но не до таа мера“, изјави таа. Захарова додаде дека британскиот дипломат не разбира што се случува во Сирија.
„Нема дури ни да ги коментирам тие пасус кои, ми се чини, станаа веќе антика, за тоа дека Асад треба да си замине. За тоа, патем кажано, продолжува да зборува, доколку Борис Џонсон не знае, само најфанатичната опозиција, екстремистите и милитантите. Неговите колеги веќе одамна го сменија својот вокабулар на таа тема“, изјави портпаролот на МНР Русија, пренесува „Лента.ру“.
Захарова исто така ја коментираше и изјавата на британскиот Форин Офис дека претставниците на ООН не можат да влезат во источно Алепо. „Во моментов во градот се наоѓаат околу 100 претставници на ООН, од нив 30 се во источниот дел“, резимираше дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче