Химната на Русија во изведба на Академскиот ансамбл на песни и танци на Руската армија „А.В. Александров“ беше емитувана во неделата на италијанската државна телевизија RaiNews24.
Според информациите на РТ на руски, „РаиЊуз24“ меѓу првите ја пренесе веста за катастрофата на авионот Ту-154 на Министерството за одбрана на Русија над Црното море. Телевизијата исто така истакнува дека ансамблот, кој загуби повеќе од 60 свои членови во авионската несреќа, е најпознатиот на светот во својот жанр.
Претходно во неделата народниот артист на Русија и основач на „Хорот на Турецки“ Михаил Турецки предложи да се зачува ансамблот. Според него, во спомен на загинатите во авионската несреќа треба да се појави нов колектив, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче