Понеделник Ден на жалост по повод падот на Ту-154 и во Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко испрати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин во врска со несреќата на авионот Ту-154 во близина на Сочи, при што загинаа 92 луѓе. Минск ја објави својата намера да се приклучи на денот на жалост во Русија.

Во соопштението на сајтот на претседателот на Белорусија се вели дека Лукашенко наредил да се спуштат на половина копје државните знамиња над резиденцијата на белорускиот претседател и другите државни установи ширум земјата во понеделник, 26 декември, во знак на солидарност и тага.

Исто така ќе бидат ограничени и одржувањето и преносите на забавни манифестации и програми. На телевизиите и радио-станиците им е препорачано да ги имаат предвид наведените околности при оформувањето на програмата.

Сочувство до Русија во врска со трагедијата на авионот Ту-154 во неделата изразија повеќе земји.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му се јави на Владимир Путин и изрази сочувство до рускиот народ, пренесува „Взгљад“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња