МО РФ објави список на лицата кои се наоѓаа во Ту-154

Министерството за одбрана на Русија на својот сајт објави список со имињата на сите кои се наоѓаа во авионот Ту-154 што се урна во близина на Сочи.

овинарите на „Прв канал“ Дмитриј Рунков, Вадим Денисов и Александар Сојдов кои загинаа при падот на авионот Ту-154 во Сочи. Извор: Прес-служба на „Прв канал“).

На списокот, според прецизираните податоци, се наоѓаат 65 членови на ансамблот „Александров“, девет претставници на медиумите, осум војници, двајца федерални државни службеници, осум членови на екипажот, како и извршниот директор на Меѓународната општествена организација „Праведна помош“ Елизавета Глинка, попозната како д-р Лиза, пренесува РБК.

Претходно Прв канал, телевизиите „Ѕвезда“ и НТВ потврдија дека во авионот Ту-154 имало нивни репортажни групи.

Вкупно во авионот имало 93 лица. Авионот Ту-154, сопственост на руското Министерство за одбрана, полета во утринските часови во неделата, 25 декември од аеродромот во Адлер кон сириска Латакија. Неколку минути по полетувањето авионот исчезна од радарите над водите на Црното Море. Извор на РИА „Новости“ соопшти дека тоа се случило во 7 минута од летот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња