Американски весник „не лие солзи“ за убиството на рускиот амбасадор

Колумнист на американскиот весник „Њујорк Дејли Њуз“ пишува дека со убиството на рускиот амбасадор Карлов во Анкара „правдата е задоволена“.

Убиството на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов не беше терористички чин, туку „одмазда за злосторствата на Владимир Путин“ во Сирија, смета колумнистот на весникот „Њујорк Дејли Њуз“ Герш Кунтцман.

Авторот на статија изјавува дека не „лие солзи“ за рускиот амбасадор и е изненаден што убиството не се случило уште пред неколку месеци. Колумнистот тврди дека Карлов бил „олицетворение“ на политиката во чии рамки „се фрлаа бомби кои убиваа деца“, „авиони-ловци рушеа цел град“, а „сирискиот лудак“ Башар Асад добиваше помош во својата кампања на крвопролевање“. Сега „правдата е задоволена“, пишува колумнистот.

Тој го споредува терористичкиот напад во Анкара со убиството на германскиот дипломат Ернст фон Рат во Париз во 1938 година. Дипломатот, застрелан од еврејски студент, се разбира, „не беше невина жртва“. Во очите на многумина тој беше олицетворение на „хитлеровската суровост, геноцидот, антисемитизмот и светската агресија во налет“, продолжува авторот.

Кунтцман пишува дека Карлов во Турција не бил дипломат, туку „војник“. И не е важно тоа каде тој загинал – „на бојното поле кај Алепо или во галерија во Анкара“.

„И неговиот убиец исто така беше војник – не терорист, забележете, туку војник. Терористите убиваат невини луѓе, налетуваат со камиони на божиќни панаѓури или со авиони во облакодери. Војниците убиваат исто такви војници“, пишува Кунтцман, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.