Изјавата на Путин е објавена на сајтот на Кремљ.
„Злосторството, извршено против цивили, потресува со својата суровост и цинизмот“, ги цитира прес-службата зборовите на рускиот претседател, пренесува РТ на руски.
Се истакнува дека Путин изрази сочувство до претседателот на Германија Јоахим Гаук и канцеларката Ангела Меркел. Тој изјави зборови на сочувство и поддршка до семејствата и пријателите на жртвите, како и желби за поскоро закрепнување на сите кои настрадаа од рацете на напаѓачот.
Претходно беше соопштено дека зад воланот на камионот кој влета во маса луѓе на божиќниот панаѓур во Берлин се наоѓал 23-годишен Пакистанец.
Според последните информации, загинаа 12 лица, додека повеќе од 50 се здобија со повреди од различна тежина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче