Канадска новинарка ги критикува изворите на западните медиуми во Алепо

Независната канадска новинарка и активист за човекови права Ева Бартлет, која повеќе пати ја има посетено Сирија, ги критикуваше западните медиуми и изворите кои ги користат при известување за ситуацијата во Алепо.

„Кои меѓународните организации се присутни во источниот дел на Алепо? Ниедна. Тие се потпираат на сирискиот Центар за мониторинг на почитувањето на човековите права, која се наоѓа во британскиот град Ковентри и е составен од една личност, како и на сомнителни групи како што се „Белите шлемови“, рече Бартлет, пренесува РТ на руски.

Така, според нејзините зборови, за „Белите шлемови“ кои се формирани во 2013 година од страна на поранешно британско воено лице со мултимилионска поддршка од САД и повеќе други земји, никој не слушнал во источниот дел на Алепо. Згора на тоа, организацијата се смета за неутрална, но од некои кадри може да се види како нејзините припадници држат оружје и стојат врз тела на војници, истакна Бартлет.

На тој начин, според мислењето на новинарката, западните медиуми немаат веродостојни извори во Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња