Лавров: земјите од ЕУ зборуваат за Русија „по инструкција“

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва е свесна за постоењето во Европската унија на пишани упатства за тоа како секоја земја треба да зборува при спомнувањето на Русија.

„Таму е напишано дека апсолутна обврска на сите овие земји е да ги зборуваат како мантра термините „анексија на Крим“, „окупација на Донбас“, и друго како што стои во текстот. Ако погледнете, прочитате што велат членките на ЕУ, тоа е многу личи дека таа инструкција е задолжителна за извршување“, изјави Лавров на прес-конференцијата по разговорите со министерот за надворешни работи на Србија, пренесува РИА „Новости“.

Во исто време Лавров истакна дека „сепак веќе не се забележува слепа потчинетост, има многу земји во ЕУ кои ја разбираат целата апсурдност на ситуацијата“.

Исто така шефот на руската дипломатија се осврна на прашањето на енергетскиот дијалог меѓу Русија и Европската унија.

Лавров истакна дека преговорите„ стануваат жртва на идеализирани и исполитизирани пристапи кои се насочени во голема мера кон тоа оградување на апсолутната неспособност на украинското раководство да ја исполни „Минската спогодба“, која беше потпишана од страна на претседателот (Петро) Порошенко“.

Во исто време, според министерот, Европската комисија инсистира во преговорите со Русија на идејата по секоја цена да го зачува транзитот на гас преку Украина, дури и по цена на загуби на Русија и земјите на ЕУ.

Лавров на 12 декември пристигна во Србија во дводневна работна посета. Тој ќе оствари средби со претседателот на земјата Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња