Лавров и Кери во Рим разговараа за односите меѓу Русија и САД

Шефовите на дипломатиите на Русија и САД, Сергеј Лавров и Џон Кери, се сретнаа во Рим.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери разговараа во Рим за прашања од билатералните односи кои настрадаа како резултат на конфронтирачките активностите на администрацијата на Обама, се соопштува на веб-сајтот на Министерството за надворешни работи Руската Федерација.

Средбата се одржа во петокот во Рим на маргините на меѓународната конференција за проблемите на Медитеранот.

„Се дискутираа перспективите за решавање на конфликтот во Сирија. Сергеј Лавров повторно укажа на тоа дека клучен услов е решителната борба против терористичките групи, ја потврди приврзаноста кон принципите на политичкото решение содржани во резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ООН преку внатресирискиот инклузивен процес на преговори... Беа начнати некои прашања од билатералните односи кои сериозно настрадаа како резултат на конфронтирачките дејства на администрацијата на Обама“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Исто така, за време на состанокот двете страни разговараа за ситуацијата во Ирак, Либија и Јемен.

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња