Лавров посочи дека таквите обврски САД ги презедоа во јануари, уверувајќи дека „буквално за неколку недели ќе успеат да постигнат одделување на овие групи“.
„По ова требаше да следи почеток на политичкиот процес, решавање на хуманитарните прашања, учество на различни опозициски групи во процесот на преговарачкиот процес“, потенцираше Лавров, пренесува РИА „Новости“.
Шефот на руската дипломатија потсети дека пред некое време специјалниот претставник на ОН за Сирија Стафан де Мистура предложил да се извлечат борците на „Ан Нусра“ со оружјето од Алепо, а Москва ја поддржа иницијативата, „без оглед на фактот што ние ја ставаме задачата за борба против тероризмот на прво место“.
Сепак, некои земји, според Лавров, истапиле против предлогот.
„Имам причини да верувам дека тоа е направено затоа што некој сака да задржи дел од Алепо под контрола на Ан Нусра, што е целосно неприфатливо“, заклучи министерот.
Притоа Русија, според Лавров, сѐ уште е подготвена на компромис за решавање на ситуацијата во Алепо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче