Претставничкиот дом на Конгресот на САД го усвои во петокот предлог-буџетот за одбрана за 2017 година кој, меѓу другото, налага забрана за воена соработка со Русија.
Документот го поддржаа 375 конгресмени, против беа 34. Предлог-законот забранува издвојување на средства за воена соработка на Вашингтон со Москва сѐ додека Пентагон, откако ќе се усогласи со Стејт департментот на САД, не го извести Конгресот дека Русија ја прекинала „окупацијата на територијата на Украина и агресивните дејствија кои ги загрозуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и членките на НАТО“.
Документот исто така налага забрана за финансирање на секоја дејност која го признава Крим за дел од Русија. Истовремено се дозволува укинување на санкциите под услов Пентагон да го убеди Конгресот дека неопходноста од наведениот чекор е национален интерес на САД.
Покрај тоа, законот предвидува издвојување на 4,3 милијарди долари за „одвраќање на Русија“. Наведените средства ќе бидат наменети за „политичка, економска и јавна дипломатија“, како и за воена поддршка на сојузниците во НАТО и другите партнери на САД во Европа и Азија, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче