ФСБ:Странски служби подготуваат сајбер-напади врз финансискиот систем на РФ

Странски специјални служби се подготвувале да почнат од 5 декември со масовни сајбер-напади со цел да го дестабилизираат рускиот финансиски систем, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија, додавајќи дека командните центри за сајбер-нападите се наоѓаат во Холандија и се во сопственост на украинска компанија.

„ФСБ Русија доби информации за подготовка на странски специјални служби во периодот од 5 декември 2016 година за големи сајбер-напади со цел дестабилизација на финансискиот систем на Руската Федерација, вклучувајќи ги активностите на голем број големи руски банки“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на ФСБ.

ФСБ истакнува дека командните центри центар за сајбер-нападите за дестабилизирање на финансискиот систем на Русија се наоѓаат во Холандија и се во сопственост на украинска компанија.

ФСБ спроведува активности за да ги неутрализира заканите по економската и информатичката безбедност во врска со добиените информации.

Претходно Централната банка на Русија предупреди на можноста за засилување на различни видови напади врз руските банки во пресрет на новогодишните празници.

„Сајбер-нападот се планира да биде проследен со масовно испраќање на СМС пораки и публикации во социјалните мрежи (блогови) со провокативен карактер во однос на кризата на кредитно-финансискиот систем на Русија, банкротството и одземањето на лиценците на голем број водечки банки со федерална и регионална важност. Акцијата е насочена кон неколку десетици руски градови“, се вели во соопштението.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња