Претседателот на Киргистан: Руската база Кант ќе биде затворена

Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев одговори на прекорите дека ја затворил воената база на САД, а ја оставил руската.

„На многумина можеби и нема да им се допадне, некои ќе го искористат ова против мене. Но, последниве 5 години покажаа дека затворањето на базата Ганси е правилна одлука. Киргистан во иднина треба да се потпира само на своите сили. Ова се однесува и на руската база“, изјави Атамбаев на својата завршна годишна прес-конференција.

Според него, него често го прекоруваат за тоа дека ја затворил американската база, а руската база ја оставил да функционира. Сепак, како што истакна Атамбаев, според договорот од 2009 година, потпишан за време на мандатот на претседателот Бакиев, првичниот рок на важност на договорот за руската база требало да заврши во 2016 година и потоа базата требало да остане 49 години и потоа да се продолжува договорот на секои 25 години.

 „Ние ја оставивме само 15 години... Тоа ме чинеше нерви, не им се допаѓаше на многу руски министри, но за ова прашање јас наидов на разбирање кај В. Путин“, истакна Атамбаев.

„Ние со Русија секогаш ќе бидеме стратешки партнери, но Киргистан во иднина треба да се потпира и да се надева само на своите вооружени сили, а не на базите на Русија, Америка или некоја друга земја. Ние треба да ја градиме својата армија“, изјави Атамбаев, пренесува „Акипрес“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња