„Со разбирање и соработка на сите земји од ОПЕК, успеавме да постигнеме договор. Овој договор склучен поради чувството на одговорност за членките на ОПЕК, надвор од ОПЕК, за целокупната благосостојба на глобалната економија“, изјави Ал Сада, пренесува РИА „Новости“.
На тој начин, производството ќе се намали за 1,2 милиони барели дневно. На пример, Саудиска Арабија ќе го намали своето производство на нафта за 486 илјади барели.
Договорот ќе стапува на сила од 1 јануари и ќе трае шест месеци. Прашањето за неговото продолжување ќе се разгледува на состанокот на ОПЕК во мај, изјави Ал Сада.
Тој објасни дека договорот го поддржаа сите земји на картелот освен Индонезија, која изјави дека сака да го замрзне или суспендира своето членство во организацијата.
Претседателот на ОПЕК изјави, исто така, дека со цел да се постигне рамнотежа на пазарот, потребна е поддршка од некои од клучните држави кои не се дел од картелот. Според неговите зборови, овие земји се подготвени да го намалат своето производство за вкупно 600 илјади барели дневно, а Русија веќе се согласила да го намали за 300 илјади барели.
Средбата за ова прашање ќе се одржи на 9 јануари во Доха, изјави Ал Сада, истакнувајќи дека времето и местото на нејзиното одржување може да се сменат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче