„Сите вести, сите извештаи за Крим се лага. Животот Кримските Татари се одвива добро, тие имаат мошне удобни услови за живот“, изјави Хасан Џенгиз, шеф на делегацијата на турски политичари и бизнисмени кои се во посета на Крим.
Токму на рускиот Крим почна изградбата на соборна џамија која треба да биде главен верски објект на Кримските муслимани. „Ова е доказ дека она што се зборува за Крим не е точно. Народот тука има во целост можност да го оствари правото на вероисповед и да зборува на својот мајчин јазик, луѓето се задоволни од животот“, рече Џенгиз, пренесува порталот „Взгљад“.
Една од целите на делегацијата составена 22 турски политичари и претставници на бизнис заедницата, меѓу кои е и претставникот на претседателот на Турција (присуствуваше на состанокот на претседателот на Русија и Турција) Ибрахим Ерили и заменик-градоначалникот на Анкара Ахмет Тунч на Крим е да се разјасни ситуацијата во однос на Кримсите Татари, затоа што информациите за нивната положба во западните медиуми се контрадикторни.
Претходно турските политичари и бизнисмени дознаа дека против нив во Украина е покрената кривична постапка.
Хасан Џенгиз за време на посетата на Крим, исто така, рече дека волјата на жителите на Крим изразена на референдумот од 2014 година мора да се почитува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче