Денес на Крим пристига турска делегација, која во својот состав има членови на турскиот парламент, претставници на владејачката партија, претставници на големиот бизнис и невладини организации - вкупно 27 лица. На нејзино чело ќе биде прв братучед на претседателот на Турција Мехмет Мутлу, изјави лидерот на „Меѓународното евроазиско движење“, филозоф и писател Александар Дугин, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета”.
„Посетата на висока турска делегација на Крим е сосема нова фаза“, смета Дугин. „Овојпат се работи за делегација на владејачката партија на Турција и за најблискиот соборец и роднина на Ердоган. Во суштина тоа е решителен чекор кон признавање на Крим во составот на Русија. И симптоматично е тоа што се случува истовремено со изјавата на Ердоган за прекин на процесот на интеграција во Европа, каде, впрочем, никој не сака ниту има намера да ја прими Турција, и за преориентирањето кон Шангајската организација за соработка. Ердоган е цврсто решен да го замени атлантскиот курс со евроазиски“, објаснува Дугин.
Посетата на турската делегација на Крим е организирана од страна на Меѓународното евроазиско движење. Пристигнувањето на гостите е потврдено од страна на извори од полициските органи и Советот на министри на Република Крим.
Според Дугин, доаѓањето на турската делегација ја потврдува сериозноста на намерите на Реџеп Таип Ердоган и неговиот дефинитивен избор помеѓу ставот на Русија во врска со Крим и желбата на еден од лидерите на кримскотатарскиот Меџлис Мустафа Џемилев со помош на Турција да ја дестабилизира ситуацијата на полуостровот.
„Мнозинството Кримски Татари кои живеат на територијата на Турција е длабоко и органски интегрирано во турското општество. Затоа, и покрај сета лојалност кон Москва по присоединувањето на Крим кон Русија, факторот Турција и натаму останува исклучително важен“, вели Дугин. “Целта на Ердоган е да се воспостави интензивна и активна социјална и трговска врска меѓу Турција и рускиот Крим. Со тоа е кажано сѐ. Очигледно е дека Анкара одлучи да испрати делегација откако добро ги измери сите можни последици. Самата посета е можна токму под услов на прифаќање на статусот на Крим и можноста за неговото официјално признавање во иднина“.
Турскиот гости ќе останат на Крим до петок, а планираат да се сретнат со водачите на кримскотатарските граѓански организации, претприемачи и раководството на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче