Турција преговара со Русија за набавка на системи С-400

Турција води преговори со Русија за купување ракетни системи со голем и среден дострел С-400, изјави министерот за одбрана на Турција Фикри Ишик.

Претходно портпаролот на претседателот на Турција Ибрахим Калин изјави дека Москва и Анкара ги разработуваат деталите на можната соработка за создавање на турски национален проект на систем за ПРО и дека ова прашање било дискутирано меѓу лидерите на двете земји Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во Истанбул на 10 октомври.

„Во врска со системите за ПРО работата продолжува. Водиме преговори за С-400 не само со Русија, но и со други земји кои имаат такви системи. Во моментов ставот на Русија за ова прашање е позитивен. Се надеваме дека земјите-членки на НАТО ќе се однесат сериозно спрема ова, и дека нашиот систем ќе биде компатибилен со барањата на Алијансата. Но ние во никој случај нема да го отфрлиме предлогот на Русија и активно го прочуваме. Нашата конечна цел е да ги произведуваме тие системи дома“, изјави Ишлик во програмата на телевизијата „Ен-Те-Ве“.

Турција првпат се заинтересира за ракетните системи С-400 уште во 2009 година. Меѓутоа тогаш соработката беше запрена.

На крајот на 2015 година Анкара изјави дека има намера да ги купи француско-италијанските системи САМП-Т (SAMP-T), кои по својата намена се аналогни на С-400. Меѓутоа таква зделка не беше склучена, пишува РИА „Новости“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња