На парадата во чест на 69-годишнината од победата во Втората светска војна, на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва ќе учествуваат осум лансирачки уреди на ракетниот ПВО систем С-400. Фотографија од слободни извори.
На парадата во чест на 69-годишнината од победата во Втората светска војна, на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва ќе учествуваат осум лансирачки уреди на ракетниот ПВО систем С-400.
Посадите на Звенигородскиот ракетен противавионски полк, вооружени со ракетни ПВО системи (ЗРС) С-400 „Триумф“ и со ракетно-топовските системи „Панцир-С1“ успешно ги минаа контролните тестирања за примена на системот С-400 на базата на единствениот школски ПВО полк во Русија. Тие веќе спроведоа боеви контролни гаѓања со комплексот С-400 на полигонот Капустин Јар и стапија во боево дежурство на противвоздушната одбрана на Москва и на Централната индустриска зона“, рече официјалниот претставник на единицата на Воздушно-космичката одбрана (ВКО), полковник Алексеј Золотухин.
Чување на центарот
Главната задача на ракетните ПВО полковски единици на Воздушно-космичката одбрана се состои во противвоздушната одбрана на престолнината и на Централната индустриска зона на земјата, покривање на објектите на најголемата алка од државната и воена управа, индустријата и енергетиката, групацијата на Вооружени сили и сообраќајни комуникации, заштита од противничките средства за воздушно-космички напад.Од почетокот на 2014 година на базата на школскиот полк за вежби над 200 офицери на ракетните противавионски полкови на единицата за Воздушно-космичка одбрана ја поминаа обуката и успешно ги положија контролните испити за примена на С-300 „Фаворит“ и С-400 „Триумф“, рече тој.
„Школскиот полк на ПВО единицата на Воздушно-космичката одбрана во Подмосковје е наменет за усовршување на обуката на посадите на командните пунктови на ракетните противавионски полкови и дивизиони С-300 и С-400 за водење борбени дејствија во услови на сложена ситуација во воздухот со користење летови на реална авијација и симулатори „Тембр-М“, додаде Золотухин.
Според него, оригиналноста на школскиот симулатор „Тембр-М“ се состои во способноста да симулира разни борбени услови во реално време и во реална географска димензија. Кога се наоѓаат во Московската област и кога користат дигитална мапа на тој терен, стручњаците на школскиот полк имаат можност да ја подготват посадата на ракетните противавионски полкови С-300 и С-400 за дејствија во кој било регион на Земјината топка.
„Минатата година над 30 пати беа изведувани испитно-тактички активности на базата на школскиот полк. Стручњаците од полкот обучија над 70 посади на командните пунктови на ракетните противавионски полкови и дивизиони, низ контролната обука минаа околу илјада припадници на ракетните ПВО единици“, додаде претставникот на единицата за Воздушно-космичка одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче