Израел бара од Русија да не му продава оружје на Иран

Израел побара од Русија да не му продава современо оружје на Иран, соопштуваат медиумите повикувајќи се на израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

„Израел побара од Русија да не ја забрзува огромната зделка за продажба на современи авиони-ловци и слично оружје на Иран“, пишува весникот „Хаарец“ повикувајќи се на министерот Либерман.  

Притоа Либерман истакнал дека Тел Авив има малку шанси да влијае на Русија во однос на оваа зделка.

На 14 ноември шефот на комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата Виктор Озеров изјави дека Иран е заинтересиран за купување руско оружје и техника, вклучувајќи тенкови Т-90, артилериски системи, авиони и хеликоптери за сума од околу 10 милијарди долари, пренесува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња