Европската унија нема намера да ја промени својата позиција во однос на Русија, дури и ако САД го променат своето гледиште по тоа прашање. Ова е изјавата што ја даде шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по неформалната вечера со шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ, посветена на резултатите од изборите во САД.
„Што се однесува до Русија, знаете, Европската унија има заземено многу принципиелен став во врска со нелегалното присоединување на Крим и ситуацијата во Украина. Ова нема да се промени, и покрај можните промени на политиката на другите“, изјави Могерини, одговарајќи на прашањето како можните промени во односите на САД со Русија по победата на републиканецот Доналд Трамп ќе влијааат на позицијата на ЕУ.
Според Могерини, ЕУ „комуницира со Русија и работи со Русија на многу прашања“. Како дел од тие прашања таа ги спомна договорот за иранската нуклеарна програма, блискоисточниот мировен процес, Либија, спротивставувањето на тероризмот.
„До некој степен и за Сирија работиме заедно во рамките на меѓународната група за поддршка на Сирија, дури и ако нашата позиција за некои прашања силно се разликува, но за други таа се совпаѓа“, истакна Могерини, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче