Министерството за надворешни работи на Русија вети дека ќе преземе „возвратни мерки“ во врска со рестриктивните мерки на ЕУ во однос на пратениците во Државната Дума од Крим и Севастопол.
„Рестриктивните мерки на ЕУ против жителите на Крим и Севастопол ги доживуваме како со ништо оправдана колективна казна за населението на овој регион за слободниот демократски израз на волјата“, се вели во официјалното соопштение што го пренесува „Газета.ру“.
МНР РФ исто така истакнува дека жителите на полуостровот сосема легитимно ги избраа своите претставници и потенцира дека прашањето со враќањето на Крим во Русија е решено дефинитивно.
Претходно Европската унија стави шест пратеници во Државната Дума од Крим на списокот со лица кои потпаѓаат под санкции поради активностите на РФ против територијалниот интегритет на Украина.
„Европската унија вклучи 6 пратеници на Државната Дума на Руската Федерација, избрани од незаконски анектираните Автономна Република Крим и градот Севастопол, на списокот со лица кои потпаѓаат под мерките на ограничување во врска со активности кои ги поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“, се вели во официјалното коминике на Советот на ЕУ, пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче