Во Алепо ранети двајца руски војници

Милитантите го гранатираа хуманитарниот коридор во околината на западната делница на патот Кастело.

Милитантите го гранатираа хуманитарниот коридор во околината на западната делница на патот Кастело, кој беше отворен за повлекување на вооружените формации со оружје од Алепо.Како резултат на гранатирањето беа ранети двајца војници на Центарот за помирување на спротивставените страни во Сирија.

„Војниците беа оперативно евакуирани во безбедниот реон на градот, каде им беше укажана потребната медицинска помош. Нема опасност по нивните животи“, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува „Комерсант“. Покрај тоа, одбранбениот ресор на Русија соопшти дека од тој реон биле евакуирани околу 50 претставници на руските, западни и арапски медиуми.

Денеска во Алепо почна 10-часовна хуманитарна пауза. Руските војници обезбедија 8 хуманитарни коридори – два за милитантите и шест за цивилите. Претходно беше соопштено дека милитантите кои го држат Алепо бараат по 150 илјади сириски фунти (околу 300 американски долари) од секој кој сака да го напушти градот „заради поддршка на браќата на фронтовите“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња