Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев смета дека Русија се обидува да влијае на внатрешнополитичката ситуација во земјата преку хакерски напади и да ги раздели европските земји. Ова бугарскиот лидер го изјави во интервју за Би-Би-Си.
Според бугарскиот претседател, заканата не се состои во тоа дека Русија може да „внесе тенкови“ во Европа, туку во тоа што со своето влијание таа се труди да ги раздели Европејците.
„Она што денес Русија се обидува да постигне е да ја ослаби Европа, да ја раздели Европа и да нѐ направи зависни“, изјави Плевнелиев.
За поделба на Европа Русија наводно поддржува „популистички партии и движења“, врши „пропаганда со големи размери“ и реализира хакерски напади. Плевнелиев изјави дека неговата земја „беше подложена на сајбер-напад во текот на референдумот и локалните избори“ во октомври минатата година и најверојатно е дека нападот е „поврзан со Русија“.
Бугарскиот претседател ги даде овие изјави два дена пред изборите за шеф на државата во земјата. Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 6 ноември. Плевнелиев не се кандидираше на изборите за шеф на бугарската држава. Владејачката партија ГЕРБ на овие избори ја претставува спикерот на парламентот Цецка Цачева. Плевнелиев на почетокот на следната година може да биде назначен за еврокомесар на местото на Кристалина Георгиева.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче