„На западните граници на Сојузната држава САД и другите членки на НАТО активно го зголемуваат својот офанзивен потенцијал, отворајќи нови бази и развивајќи ја воената инфраструктура. Не престануваат обидите да им се наметне својата волја на други земји со помош на економски и политички диктат, како и со воена сила. Се води отворена информативна војна“, изјави Шојгу во средата, говорејќи на седницата ана заедничкиот колегиум на министерствата за одбрана на Русија и Белорусија, пренесува РИА „Новости“.
Според него, „овие дејствија ја поткопуваат стратешката стабилност и ја принудуваат Русија да презема возвратни мерки од одбранбен карактер, вклучително и во Западната стратешка насока“.
Шојгу потенцираше дека „високото ниво на билатерална соработка и усогласените позиции за основните проблеми на глобалната и регионална стабилност овозможуваат успешно да се решаваат прашањата за зајакнување на одбранбениот потенцијал на Сојузната држава“.
„Таквиот пристап е најактуелен сега, кога меѓународните механизми, наменети за решавање на кризни ситуации, не функционираат, а лостовите на тензиите целосно се доближија до нашите граници“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче