Медиум: НАТО ги засилува подготовките за војна со Русија

Одлуката да распореди дополнителни сили во Источна Европа покажа дека Алијансата се подготвува за најголемата ескалација на вооружените сили во Европа од крајот на Студената војна, пишува норвешкото издание „Стеиган блогер“.

Членките на НАТО сакаат да распоредат во непосредна близина на руските граници 4000 војници на кои, доколку е потребно, ќе им се приклучат силите за брза реакција од 40000 војници, пишува авторот на статијата.

Со поддршка од единиците од Франција и Данска, Велика Британија ќе распореди во Естонија 800 војници целосно опремени со воена техника. Покрај тоа, првпат по падот на нацистичкиот режим, Германија исто така се обврза да испрати вооружени сили на границата со Русија. Во исто време, беше решено да се распоредат 330 војници од САД во Норвешка, која не учествувала во вакви мерки дури и во најтензичните моменти на Студената војна, потенцира изданието.

Раководството на Алијансата не се уморува од повторување дека „напад врз секоја членка на Алијансата ќе се смета за напад врз сите членки на НАТО“. Сепак, останува нејасно за каков вид на „напад“ станува збор. Нема апсолутно никаков сигнал за тоа дека Русија се подготвува за вооружен судир со која било соседна земја. Како резултат на тоа, „одбранбените мерки“ се претвораат во еднострана агресивна ескалација од страна на НАТО која има за цел да разгори војна и да ја дестабилизира Европа, истакнува авторот.

Сепак, постојат и такви за кои таквата мобилизација на сили против „непријателот“ може да биде профитабилна. Воените подготовки ја стимулираат одбранбената индустрија и претставуваат ефективно средство за да потиснување на домашната опозиција. А во ситуација кога Европа е заглавена во бројни економски и политички проблеми, плановите на НАТО доаѓаат во вистинскиот момент, заклучува „Стеиган блогер“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња