„Блумберг“ го објави новиот најбогат човек во Русија

Главниот акционер на „Северстаљ“ (Северсталь) Алексеј Мордашов е на врвот на листата на најбогати луѓе во Русија, претекнувајќи го генералниот директор на „Норникел“ Михаил Потанин.

Богатството на магнатот во челичната индустрија Алексеј Мордашов се зголемило за 126 милиони долари и сега има 15,7 милијарди долари, покажуваат податоците на „Индексот на милијардери на „Блумберг“ (Bloomberg Billionaires Index). Тоа му овозможи да стане најбогатиот човек во Русија, претекнувајќи го металургот Михаил Потанин, кој има имот од 15,5 милијарди долари. Во текот на изминатите 12 месеци, акциите на главната актива на Потанин „Норникел“ се намалија за 3%, додека акциите на компанијата на Мордашов „Северстаљ“ се зголемија за 18%. Главен фактор за порастот е значителното зголемување на цените на производите од челик на глобалните пазари. Во глобалниот рејтинг бизнисмените ги заземаат 50 и 51-то место.

Алексеј Мордашов ги поседува главните пакети акции во „Северстаљ“, кој е четврти по големина производител на челик во Русија, Националната Медиа Група, банката „Русија“ и мобилниот оператор Теле2-Русија.

Михаил Потанин поседува 30,4% од акциите на „Норилск Никел“, најголемиот производител на никел во светот. Потанин располага со повеќе од 500 милиони долари вреден недвижен имот (вклучувајќи ски-центри во Сочи) и половина од рускиот интернет-холдинг Рамблер-Афиша-СУП, според податоците на „Блумберг“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња