Движењето на руските воени бродови во Средоземното Море предизвика паника на Запад и изненадува ставот на земјите кои, под притисок од страна на САД и НАТО, не ѝ дозволуваат на руската морнарица пристап до нивните пристаништа, изјави министерот за одбрана на РФ, генерал на армија Сергеј Шојгу, пренесува „Взгљад“.
Од 27 до 29 октомври сепак беше реализирано танкирање на бродовите, а одбивањето на некои земји да ги примат бродовите во своите пристаништа не го задржа нивното движење, додаде министерот.
Сергеј Шојгу нагласи дека веројатно на таков начин „партнерите го сфаќаат својот удел во борбата против меѓународниот тероризам во Сирија“.
„Време е западните колеги да решат против кого всушност се борат - против терористите или против Русија. Еден наш поет има кажано, „невозможно е со истото место да седиш во различни возови“. Можеби тие имаат заборавено од чии раце загинаа невините луѓе во терористичките напади во Белгија, Франција, Египет, Ирак и други држави“, запраша Шојгу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче