„Тие зборови не одговараат на реалноста. Ние не можеме да се согласиме со нив. Сѐ додека некој не наведе некакви докази, некакви изјави, независно дали се тоа шефот на МИ-5, потпретседателот на САД или други одговорни лица, ние ќе ги сметаме тие изјави за нерагументирани и неосновани. И ние не можеме да ги земеме предвид тие неосновани изјави“, изјави Песков одговарајќи на новинарско прашање, пренесува „Интерфакс“.
Притоа портпаролот на шефот на руската држава рече: „Можам да се согласам со шефот на МИ-5 во едно – Русија навистина ќе ги искористи сите можности. Сепак за разлика од она што го кажа тој, сите можности предвидени со нормите на меѓународното право за промоција на своите интереси и заштита на своите интереси во странство“.
„Притоа Русија секогаш го прави тоа раководејќи се според принципите на заемно корисните односи и ориентирајќи се кон изградба на добри и заемно корисни односи со сите партнери“, изјави Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче