Литванците ја учат британската војска на отпор против „руската пропаганда“

Припадниците на специјалната единица на литванските Вооружени сили ги обучуваат нивните британски колеги како „точно да ги идентификуваат и да и се спротивстават на обидите на Русија да манипулира со јавното мислење“, пишува британскиот весник „Тајмс“.

На обука во моментов е 77 бригада - новата единица на британската армија за информативно војување, пишува „Тајмс“.

„Велика Британија има што да научи преку примерот со дезинформациите кои се лансираат против Литванија“, вели за изданието анонимен извор во британските вооружени сили.

Тој вели дека „Русија веќе подолго време ја напаѓа Британија со мека сила“. Весникот објаснува дека станува збор за „тактика која властите на друга држава ја користат за влијание без да употребат воена сила“.

Вашингтонскиот Центар за анализа на европската политика (CEPA) и британскиот аналитички центар Legatum Institute претходно објавија истражување посветено на информативната војна против Русија. Авторите тврдат дека Русија ги напаѓа европските вредности и демократијата.

Како што изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов, смислата на тнр. информативен судир е обид за запирање на развојот на Русија. Руската страна повеќе пати изјави дека медиумската војна ја започна токму Западот, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња