Западните специјални служби сметаат дека Русија оваа недела ќе започне масовна операција во сирискиот град Алепо, соопштува весникот „Тајмс“ повикувајќи се на анализа на разузнавачки податоци.
„Мислиме дека Русите се на прагот на масовен напад врз Алепо“, изјави за изданието извор во западните разузнавачки служби.
Според анализата на разузнавачките податоци до кои дојде изданието, операцијата ќе биде поддржана од рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“. Според „Тајмс“, пристигнувањето на носачот на авиони во придружба на седум бродови до сириското крајбрежје се очекува до среда-петок. Како што истакнува весникот, се претпоставува дека во реонот се упатени уште три јуришни подморници на ВМФ Русија.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО „ја повикува Русија да ги запре нападите врз Алепо“. Тој истакна дека носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, наводно, исто така, може да се користи за овие напади.
Москва соопшти дека изјавите на НАТО за можната вмешаност на рускиот носач на авиони група во операциите во сириски Алепо се смешни и дека Алијансата нема причина за загриженост во врска со движењето на групата во Медитеранот, покрај тоа, авионите на руските ВКС не дејствуваат во Алепо, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче