„На 17 октомври оваа година во воздушниот простор источно од градот Деир Ез Зор, екипаж на американски радарски авион E-3 AWACS прекршувајќи ги правилата за безбедност на летањето се спуштил речиси на еден километар од висината што ја заземал и опасно се приближил на растојание помало од 500 метри до руски ловец Су-35“, истакна Конашенков, пренесува „Газета.ру“.
Според него, американската страна ветила дека ќе реализира неопходна работа со своите пилоти по случката. Конашенков исто така изрази зачуденост во врска со обидите на Пентагон да ја префрли одговорноста за настанот врз ВКС Русија и препорача во иднина „да бидат прибрани“.
Тој исто така истакна дека меѓу пилотите на Русија и САД во Сирија е воспоставена ефикасна соработка која ќе овозможи во иднина да се избегнуваат слични инциденти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче