САД соопштија за „опасно“ приближување на руски авион над Сирија

Пентагон истакнува дека приближувањето на авионите не било злонамерно.

Генерал-мајорот на ВВС САД Џеф Хариган изјави дека руски и американски авион опасно се приближиле еден до друг на небото над Сирија на 17 октомври, пренесува агенцијата „Франс Прес“.

Хариган изјави дека инцидентот се случил на истокот на земјата. Американската војска претпоставува дека рускиот авион придружувал друг, поголем извидувачки авион и направил маневар во близина на американскиот авион.

Пентагон истакнува дека приближувањето на авионите не било злонамерно.

„Авионите се наоѓаа на растојание од околу половина милја (околу 800 метри)... Рускиот авион прелета пред авионот на коалицијата“, прецизираше на брифингот за новинарите претставникот на штабот на коалицијата Џон Дориан.

Според него, авионите воспоставиле врска еден со друг, а утредента страните дискутирале за инцидентот по веќе постојните канали.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња