Путин не дозволува војската да ги обнови воздушните удари врз Алепо

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека е нецелисходно да се продолжат нападите на ВКС Русија во сириски Алепо, изјави во петокот портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Претседателот мисли дека е можно да продолжи хуманитарната пауза за извлекување на ранетите и за повлекување на милитантите кои сакаат да го напуштат градот, како и, уште поважно, да им даде можност на нашите американски партнери да ги исполни претходно преземените ветувања и обврски за раздвојување на таканаречената умерена опозиција и терористичките групи“, потенцираше претставникот на Кремљ, пренесува „Лента.ру“.

Хуманитарната пауза важи само во Алепо. Песков не можеше да каже дали ќе биде продолжена. Крајните рокови веќе истекоа, но „американските партнери не беа во можност да го исполнат тоа ветување“, потенцираше тој.

Портпаролот на рускиот претседател, исто така, не можеше да одговори на прашањето колку е подготвен да чека Путин до почетокот на повторното бомбардирање на терористите.

Претходно во петокот руската војска побара од претседателот да дозволи продолжување на нападите врз милитантите во источниот дел на Алепо, соопшти началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС РФ, генерал-полковник Сергеј Рудској.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња