Шефот на националното разузнавање на САД знае која е главната цел на Путин

Главен принцип на надворешната политика на Владимир Путин е претставата за неговата земја како еден од клучните фактори на современиот свет, изјави директорот на националното разузнавање на САД Џејмс Клапер на конференцијата во Советот за меѓународни односи (Council on Foreign Relations).

Клапер беше запрашан дали смета дека Русија се гледа себеси како суперсила која се враќа поради тоа што САД се повлекуваат од своите позиции.

„Природниот тек на историјата се состои во тоа што ние преминавме од двополарен систем од ерата на студената војна на мултиполарна конструкција на меѓународните односи каде земји како што се Русија, Кина се гледаат себеси како важни, ако не и доминантни фактори. И тие се такви“, изјави Клапер, пренесува РИА „Новости“.

Според него, не станува збор за некаков вакуум, „тоа е историски процес на кој можеме да влијаеме“.

Одговарајќи на прашањето за целите на рускиот лидер, шефот на националното разузнавање на САД изјави дека Путин го движи неговата визија за Русија како суперсила.

„Мислам дека тој ја гледа Русија како голема, суперсила. За него е крајно важно САД да се однесуваат спрема Русија како спрема голема сила“, потенцираше Клапер.

Тој исто така ги нарече руско-американските односи „затегнати“, истакнувајќи притоа дека меѓу Москва и Вашингтон остануваат несогласувањата околу Сирија и Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња