Си-Ен-Ен: Американски хакер го урна сајтот на МНР РФ

Американскиот хакер The Jester (Шутот), кого често го нарекуваат „Бетмен на интернетот“, го урна сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија, соопшти Си-Ен-Ен.

„Другари! Го прекинуваме редовно закажаниот пренос на програмата на сајтот на руското МНР за да ви ја пренесеме следнава важна информација. Прекинете. Можеби можете да ги малтретирате соседните земји, но ова е Америка. Никој не е импресиониран“, го пренесува Си-Ен-Ен соопштението на хакерот кое, како што тврди американската телевизија, го објавил на сајтот на руското МНР.

„Шутот“ изјави дека не им верува на изјавите на руските власти кои ја негираа вмешаноста во хакерските напади врз САД. „Ајде да бидеме на чисто, знам дека тоа го сторивте вие, дури и ако е со помош на марионети, но знам дека тоа сте вие. А сега марш во својата соба. Додека не сум се налутил“.

„Сметајте го ова за професионална љубезност. Или ако сакате за порака „од САД со љубов“, напишал хакерот.

Според американскиот телевизиски канал „Шутот“ во минатото уривал сајтови на џихадисти, хакирал форуми и откривал потенцијални терористички закани. Поранешни агенти на ФБИ го нарекле „Бетмен на интернетот“.

Во интервју за телевизијата хакерот изјави дека ја избрал Русија за своја цел затоа што многу го вознемирил петочниот масивен сајбер напад кој привремено онеспособи дел од популарните американски веб-сајтови. „Сакав да ги боцнам во очите за да престанат да веруваат дека САД едноставно ќе трпат“, изјави хакерот.

Од МНР РФ засега нема официјална потврда дека бил урнат сајтот на министерството, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња