Русија ги повикува сите земји кои имаат влијание врз вооружената сириска опозиција и терористите да сторат сѐ за реализација на преземените обврски и да ги смират милитантите, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Русија работи со ООН за испорака на хуманитарната помош и евакуација на населението, вклучувајќи деца и оние на кои им е потребна медицинска помош од опсадените реони на Алепо. Тоа со сите сили го попречуваат милитантите од различни терористички формации, продолжувајќи да го држат цивилното население како заложници“, изјави Захарова за новинарите.
„Ги повикуваме сите земји кои имаат влијание врз вооружената сириска опозиција и терористите да сторат сѐ за реализација на преземените обврски и да ги смират милитантите“, додаде портпаролот на руското МНР, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче